еМагазин
Image default
Македонија

Почна тестирањето на вработените во штипските градинки

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје-Штип од утринава земаат брисеви на 91 вработен во клоновите на градинката „Вера Циривири-Трена“.

Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Софка Атанасова очекува во наредните два до три дена да добијат, како што вели, негативни резултати од тестирањето.

– Првичните анкети покажаа дека околу 3.200 деца ќе се вратат во градинка. Оваа анкета беше направена во мај, а сега по настанатата ситуација не знам дали овој број ќе остане, вели Атанасова.

Таа истакна дека имаат најава оти по завршување на скринингот во сите градинки во земјава очекуваат и насоки како ќе се работи во нив. Родителите за март треба да платат 745 денари, додека за април и мај треба да одлучи Советот на Општина Штип.

-Управниот одбор при градинката „Вера Циривири-Трена“ поднесе барање, тие да одлучат како ќе се одвива партиципацијата. Значи ќе ги чекаме резулатите од Советот на Општина Штип и која одлука да ја донесат, ние ќе ја почитуваме, вели Атанасова.

Според неа, препораките за работа со децата не се толку поразлични од она што претходно и го работеле.

-Сегашните препораки се да не се користи трепезаријата, како заеднички простор за хранење, туку секоја група во своите занимални. Вработените задолжително мора да носат маски и сите останати препораки, кои ние треба да ги почитуваме, како граѓани.

Значи мора да се носат маски, да се одржува хигиена, да се мијат раце, како на себе, така и на децата и целата дистанца да биде запазена, вели Атанасова.

Појасни дека ќе нема мешање на групите, а ќе се настојува да бидат и во помали групи. Занималните се големи простории, кои дозволуваат да се реализираат активностите.

Тестирањето на вработените во градинките во Штип продолжува и утре, кога ќе се тестираат над 130 вработени во клоновите на градинката „Астибо“-Штип.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Разрешена претседателката на Судски совет, Весна Дамева – утре ќе се избира нов претседател

Редакција

Владата не побара нова вонредна состојба, течат изборните рокови

Редакција

По бурните реакции, порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски се извини за сексистичкиот пост за министерката Ангеловска

Редакција