еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Под слоганот „Креативност за промени“ ќе се одржи 26. издание на фестивалот Golden Drum

Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum, оваа година, по 26-ти пат, ќе се одржи во Порторож, Словенија, од 17 до 18 октомври 2019 година.

Овогодишното издание на фестивалот ќе биде во знакот на слоганот „Креативност за промени“ (“Creativity 4 Change”).

Креативците имаат само уште неколку денови, до 3 септември, за да го пријават своето учество во натпреварувачкиот дел на фестивалот, кој е дел и од официјалниот WARC ранкинг.

Младите креативци кои сакаат да партиципираат во натпреварувањето Young Drummers, на тема „Словенија, земја на чисти и здрави води“, своето учество може да го пријават до 10 септември.

Со мали промени во должината на програмата и со побрз и подинамичен формат, Golden Drum ја носи фестивалската програма поблиску до оние кои времето го сметаат за редок комодитет.

Во само два дена, фестивалската сцена на Golden Drum ќе биде домаќин на околу 40 меѓународни говорници и предавачи кои ќе зборуваат за активностите кои поттикнуваат позитивни промени во различни области и ќе го насочи вниманието кон адвертајзингот за подобро утре.

Главниот говорник на 26-то издание на Golden Drum ќе биде еден од најпубликуваните и најпопуларни филозофи на раниот 21 век, Славој Жижек, кој ќе биде придружен од извонредна листа на говорници.

Учесниците ќе имаат можност да го слушнат Андреа Хенао, менаџинг-директор на 360 Agency Berlin и 360 Agency Europe, првата одржлива адвертајзинг агенција во светот која промовира исклучиво одржливи брендови; Давид Шчепанијак, извршен креативен директор и партнер во VMLY&R Poland; и Евелина Војтичка, која ќе ја презентира креативната кампања “The Last Ever Issue” која ја освои наградата Glass Lion на Cannes Lions.

Меѓу останатите извонредни агенциски професионалци ќе се најдат и: Андре Феликс, извршен креативен директор во Wunderman Thompson од Лисабон, кој ќе зборува за испреплетеноста на виртуелното и буквалното во мислите и секојдневните животи на луѓето и како тоа можеме да го искористиме за да ги поврземе онлајн и офлајн световите и да создадеме понепосредно и поефикасно човечко корисничко искуство; Луис Кастило, ко-основач и извршен креативен директор во NeuroDigital Technologies од Шпанија кој со својата компанија ги лансираше производите Gloveone и Avatar VR и ја предводи револуцијата во тактилната виртуелна реалност;  Крешимир Мацан, комуникациски консултант и сопственик на агенцијата Manjgura, почитуван хрватски комуникациски и бизнис консултант специјализиран во областа на кризниот менаџмент и стратешките комуникации во политиката и социјалните медиуми, кој ќе објасни зошто односите со јавноста се „кул“, каде е нивното место во дигиталната сегашност и иднина и зошто тие може да бидат повлијателни и покреативни од било кога; Шајлин Дар, генерален извршен директор и Кирстен Џејмисон, директор за кориснички операции во Method Media Intelligence од САД ќе зборуваат за важноста за стандардизација и транспарентност во адвертајзингот и како да се реши проблемот со измамите во адвертајзингот.

Во однос на креативните брендови ќе зборуваат: Евгенија Чернетскаја, генерален маркетинг директор на Microsoft за Централна и Источна Европа и Централна Азија, која предводи тим од маркетери кои радикално ја менуваат маркетиншката средина во ерата на дигиталните трансформации.

Таа соработува со програмата за одржлив развој She Exports во Украина и го промовира женското водство во националниот економски развој, со поддршка на Обединетите Нации и Светската трговска организација; Жанет Лиендо, постар потпретседател за маркетинг и комуникации во Mastercard, која го води европскиот оддел за Brand, Consumer and Business to Business маркетинг на Mastercard. Нејзината работа се фокусира на развојот на интегрирани и искуствени маркетиншки решенија кои го поттикнуваат бизнисот, ја зајакнуваат репутацијата и ја обликуваат индустријата кај сите различни публики.

За суштината на креативноста ќе зборуваат: Михал Маржак, режисер од Полска кој е наградуван на филмскиот фестивал Sundance и има соработувано со брендови како Sprite, Ikea, Johnnie Walker и Coca-Cola и музичари како Том Јорк и бендот Radiohead. Заедно со Ана Рожалска, ко-основач и генерален извршен директор на агенцијата Match&Spark од Полска, тие ќе зборуваат за своите искуства во филмската, музичката и адвертајзинг индустријата, зачинето со анегдоти од работењето со големи имиња.

Научната гледна точка во однос на креативноста ќе ја даде професорот Богдан Драгански од Универзитетската болница во Лозана и директор на лабораторијата Neuroimaging Lab LREN при Универзитетот во Лозана. Во своето предавање, тој ќе се фокусира на постоечкото знаење кое се обидува да ја објасни креативноста од невро-научна гледна точка.

Целосната листа на говорници на 26-то издание на фестивалот Golden Drum може да се погледне на следниот линк.

Повик до младите креативци

Словенечкото туристичко биро и фестивалот Golden Drum ги покануваат сите млади креативци да се вклучат во традиционалниот натпревар Young Drummers, кој ќе го избере најдобриот постер на тема „Словенија, земја на чисти и здрави води“.

Авторот на најдобриот постер или серија постери ќе добие награда од 3.000 евра. Креативците на возраст под 30 години, од вкупно 57 земји, ќе можат да се пријават за натпреварувањето до 10 септември 2019 година.

Пријавените постери од младите креативци ќе бидат оценувани од страна на петчлено жири во состав: Дејвид Ролф, претседател на жирито и извршен потпретседател и директор за интегрирана продукција во BBDO Њујорк од САД, популарниот фотограф Boogie од Србија/САД, Мартин Јажек, директор за податоци, стратегија и креатива во MSL Kindred од Чешка, Милка Поглиани, креативен консултант и советник, поранешен претседател на Европскиот креативен совет – EMEA и актуелен претседател и извршен креативен директор во McCann Worldgroup од Италија, и Ана Савшек, маркетинг менаџер при Словенечкото туристичко биро.

Повеќе за фестивалот Golden Drum на www.goldendrum.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бимилк и ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола со забава и дружење по повод свеченото отворање на детската креативна патека во Битола

Редакција

„ЗдравоЗаГотово“ со нова сезона и нова тема – Антикорупција

Редакција

„Демони“ на Пројковски прогласена за најдобра претстава на сезоната во Националниот театар во Унгарија

Редакција