еМагазин
Image default
Македонија

Подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ доби нов претседател, избрани и советници на Мицкоски

Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната седница за претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ го избра Јован Јаулески, информираат од партијата.

За советник за меѓународна политика на претседателот Христијан Мицкоски е избран Стефан Андоновски, додека за советник за меѓусоседска политика е избран Тони Димитриевски.

ИК на партијата избрала и претседатели и членови на Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција и Комисијата за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги.

ИК за претседател на Републичкиот изборен штаб за престојните избори го потврдил изборот на Игор Јанушев, генерален секретар на партијата.

На седницата на ИК било дискутирано и за подготовките за конвенцијата за избор на кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе се одржи во Струга на 16 февруари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски објасни зошто МРТВ не се емитува во Бугарија

Редакција

Историски ден за Македонците во Албанија: Универзитетот во Тирана одобри реактивирање на Лекторатот по македонски јазик

Редакција

Во Македонија се враќаат околу 3.000 македонски граѓани од странство

Редакција