еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поевтинува мазутот, цените на бензините остануваат исти

Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,052 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 37,078 денари за килограм.

Еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81 денари за литар, Еуросупер БС – 98 за 83, Еуродизел БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73,5 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,142 отсто, кај дизелот за 1,811, кај екстра лесното масло за 2,208 и кај мазутот за 3,583 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Монетарната политика на Народната банка помогна за постепено намалување на инфлацијата, оценува ММФ

Редакција

Драгица Јовановска и Владо Камбовски именувани за членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка

Редакција

За Царинската управа скопскиот аеродром се уште се вика „Александар Велики“

Редакција