еМагазин
Image default
Бизнис

Поевтинуваат дизелот и екстра лесното, цената бензините останува непроменета

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари, а цената на бензините останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Дизелот ќе изнесува 61 денар за литар, на екстра лесното масло за домаќинство 50 денари за литар.

Еуросупер БС 95 ќе се продава и неделава по цена од 68 денари за литар и Еуросупер БС – 98 по 70 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,539 денари за килограм и ќе изнесува 37,885 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување, кај бензинот во просек за околу 0,56 отсто, кај дизелот намалувањето е во просек за околу 4,79 отсто, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за околу 4,81 отсто и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 7,82 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,2594 денари за долар и е за 0,043 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поскапуваат до два ипол денари за литар

Редакција

Голем интерес кај бизнис-заедницата од земјата и регионот за осмото издание на Самитот „Македонија2025“

Редакција

Дејан Левески нов управител на ОИЛКО

Редакција