Денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити остварил средба со претставници од Здружението за цистична фиброза, информираат од Министерство за здравство.
„На состанокот министерот со претставниците на Здружението зборуваа за повеќе актуелни теми поврзани со пациентите со цистична фиброза и напорите за надминување на истите.
Минатата недела, Фондот за здравствено осигурување обезбеди дополнителни средства за лекот „трикафта“ за дополнителен број на пациенти со цистична фиброза. Со овој дополнителен буџет значајно ќе се зголеми бројот на пациенти за кои стручна Комисија ќе одлучи дека треба да примаат терапија.
За пациентите кои ќе бидат ставени на терапија со лекот „трикафта“, одлучува стручна комисијата формирана од министерот за здравство, а одлуките се носат согласно изготвен протокол.
Соговорниците на средбата разговараа и за реконструкција и доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје за што Министерството за здравство доби финансиска помош од НР Кина.
Министерот Меџити на средбата истакна дека Центарот ќе биде современ објект изграден по европски стандарди, каде ќе се нудат современи здаравствени услуги за пациентите со оваа заболување, како и одлични услови за работа на здравствениот персонал со пациентите,“ се вели во соопштението.
Фото: Унсплеш