Вишото јавно обвинителство во Белград покрена обвинение против српскиот професор по глума, Мирослав Мика Алексиќ, јавуваат српските медиуми.
Тој се товари за извршување на две продолжени кривични дела силување, две кривични дела силување и пет кривични дела недозволени полови дејствија кои се на штета на седум оштетени.
Обвинителство бара продолжување и на притворот. Заради заштита на приватноста на оштетените, целата постапка ќе се одвива зад затворени врати.
Скандалот со угледниот професор по глума го откри актерката Милена Радуловиќ, која го обвини дека ја силувал, на што потоа се надоврзаа и други девојки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српскиот професор за глума Мика Алексиќ, осомничен за силување, останува во притвор
Фото: ТВ Лица/РТС
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.