еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Поларен студ во Македонија: Во Битола измерени -22, а во Берово -20 степени

Најстудено изутринава е во Битола и во Берово каде што се измерени минус 22 односно минус 20 степени целзиусови.

Следуваат Прилеп со -15, Тетово -14, скопски Петровец -13, а во Скопје се измерени минус седум степени. „Најтопло“ утрово е во Гевгелија и во Дојран со минус четири степени.

Управата за хидрометоролошки работи (УХМР) информира дека на Попова Шапка има снежна покривка од 38 сантиметри, во Маврово 28, а во Крушево 25.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.

Попладне облачноста ќе се зголеми и во вечерните и ноќните часови ќе има повремен слаб снег, претежно во североисточните делови.

Максималната температура ќе достигне од -2 до 6, а во делови од Пелагонија околу -7 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена, а попладне и во вечерните часови значителна облачност. Максималната температура ќе достигне до еден степен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во скопско Злокуќани нов случај на птичји грип

Редакција

Почна Божиќниот пост: Воздржувањето на стомакот од храна и на јазикот од клевета, празнословие, лажење

Редакција

Најголем дел од починатите од Ковид-19 во Македонија имале болести поврзани со срцето

Редакција