еМагазин
Image default
Македонија

Пополнети капацитетите на инфективното одделение во кумановската болница

Пополнети се капацитетите на инфективното одделение во Општата болница во Куманово, каде моментално се сместени 23 пациенти, а во дневната болница се лекуваат шестмина, соопшти директорката на таа јавна здравствена установа, Снежана Захариева.

– Оваа бројка се менува од ден на ден. Имаме пациенти кои се со потешка состојба и тие се препраќаат на Клиника во Скопје. Имаме пациенти чија состојба е подобрена, тие се пуштаат на домашно лекување под постојан надзор на матичните и постојано се слушаат со инфектолозите. Од друга страна имаме и пациенти кои се на ампуларна терапија, кои немаат потреба од кислородна поддршка, нив ги опслужува домашна посета, потенцира Захариева.

Доколку, дополнително се зголеми бројот на пациенти, тогаш, најави Захариева, тие ќе се сметуваат на одделот за психијатрија каде болнички можат да се лекуваат 15 пациенти.

– Простор ќе се најде исто како и во првиот бран кога Куманово беше најмногу погодено. Но, проблем е исцрпеноста на кадарот, инфектолозите и општите лекари ги надгледуваат веќе хоспитализираните, интернистите работат на „Мој Термин“ и во амбулантите, вели Захариева.

Пред речиси два месеца болницата со поддршка на општината изработи проект за монтажна Ковид болница. По доставувањето на планот до Министерството за здравство и по корекцијата на ситните забелешки во однос на влезот на возилата, беше одлучено монтажната Ковид болница во Куманово да се наоѓа во непосредна близина на инфективното одделение, на местото каде се наоѓа стариот објект на физикална терапија, кој од поодамна не е во функција.

Објектот ќе биде урнат и предвидено е да има врска меѓу двата објекти со три излези и ќе бидат испочитувани здравствените протоколи, а персоналот ќе може непречено да ги опслужува пациентите во двата објекта.

МИА/Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Случувањата во опозицијата се нивни внатрепартиски работи

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Не бил само синот на Џафери, дури 449 студенти положиле правосуден испит пред да дипломираат, открива претседателката на Антикорупциска

Редакција