Винарската визба Попова Кула АД Демир Капија во првата половина од 2023 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.232 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.
-Друштвото споредено со минатата година овој период има помал финасиски резултат од своето работење, кое во голем дел се должи на помалиот извоз на вино, велат од таму.
Во овој период Друштвото има остварено вкупни оперативни приходи во износ од 10.457 илјади денари. Споредено со истиот период лани овие приходи се намалени за 4.289 илјади денари.
-Ова намалување во најголем дел се должи на намалениот извоз на вино. Во првата половина од 2022 година имавме голем извоз за САД, а оваа 2023 година не, и од тоа произлегува главната разлика во приходите од продажба.
Оперативните расходи се намалени за 3.803 илјади денари. Намалувањето е резултат на намалениот обем на работа т.е. помалку потрошени материјали за производство, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Винарската визба Попова кула лани работела со загуба