На патните правци, што се под надлежност на дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта, се препорачува многу внимателно возење поради чести одрони и влажни коловози, вели за МИА, раководителот Деар Лиманоски.
„Поради обилните дождови присутни изминатите денови на патните правци под наша надлежност има чести, но помали одрони од камен и земја. Поради тоа но и влажните коловози препорачуваме многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација,“ рече Лиманоски.
Екипи на секцијата се постојано на терен, со цел навремено расчистување и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Под наша надлежност се патишта во должина од над 110 делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа, посочува тој.
Засега во овој регион снег има на планинските предели, како и на повисоките населени места каде снежната покривка е мала.
Според Лиманоски секцијата има доволно количина абразивен материјал и доколку заврне снег подготвени се да одговорат на обврската.
МИА/Фото: emagazin.mk