еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Поради загадувањето: Зимскиот распуст за сите ученици продолжен за два дена

Владата на Република Македонија донесе итна мерка за продолжување на зимскиот распуст за два дена, односно заклучно со 22 јануари (вторник), поради континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови.

„Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а истата е донесена  преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.

Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година. Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период“, соопшти прес-службата на Владата.

Во овој период Владата, пред сé Министерствтото за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство, ќе ја следат состојбата врз основа на која, а во координација со Министерството за образование и наука, ќе одлучат околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради енормното загадување: Бесплатен градски превоз од денеска во Скопје и двојно поскап паркинг

Какви Водици во гнасни води, какво Богојавление кога ни прст пред око не се гледа

Твитер „зовре“: „Само ние и бубашвабите можеме да издржиме вакво загадување„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучи договор со Димакс рудници вреден 3,4 милиони евра

Редакција

Кој е Стефанос Каселакис, новиот лидер на СИРИЗА

Редакција

Ѓорге Иванов повикува на отфрлање на „францускиот предлог“

Редакција