еМагазин
Image default
Македонија

Поради изолација на еден од обвинетите, одложено судењето за „Тендери“

Расправата за предметот „Тендери“ закажана за денеска се одложува за 12 месецов, заради, како што информираат од Кривичниот суд, изолација на еден од обвинетите.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 64/17 од Обвинителството означен како „Тендери“, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за денеска се одлага заради изолација по добиен позитивен ковид – тест на еден од обвинетите.

Следниот термин за продолжување на главната расправа е на 12.04.2021 година за што веќе се известени странките во постапката, а за евентуални нови промени јавноста ќе биде благовремено информирана, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери за четврток ја закажа собраниската седница за доверба на Владата

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 410 пациенти заболени и суспектни на Ковид-19

Редакција

Одбраната на Камчев поднесе кривични за судиите што му одредија притвор

Редакција