Жителите на Романовце и Табановце повторно реагираа дека е укината железничката линија Скопје – Табановце.
Од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје денеска информираа дека причината поради укинувањето на линијата е недостаток на машиновозачи.
– Се надеваме дека проблемот ќе се надмине со прием на машиновозачи, изјавија од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.
Граѓаните кои го користат железничкиот превоз велат дека е многу поевтино да се користи воз во однос на зголемените цени на автобуски превоз до Скопје.
На оваа линија има неколку застанувања, а најчесто ги користат жителите на Романовце и Табановце поради работата во Скопје.
И летото лани имаше сличен проблем на оваа линија, исто така поради недостиг на машиновозачи.
МИА/Фото: Македонски железници
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.