еМагазин
Image default
Бизнис

Поради очекувано невреме: До 18 часот дозволен влез на товарни возила во Грција на премините „Богородица“ и „Стар Дојран“

Денеска до 18 часот дозволен е влез на товарни возила во Грција на премините „Богородица“ и „Стар Дојран“, соопшти МВР.

Според известувањето од грчките погранични служби, денеска во периодот од 12 до 18 часот, забраната за влез на сите товарни моторни возила во Република Грција, на граничните премини „Богородица“ и „Стар Дојран“ е повлечена и сообраќајот се одвива непречено, а повторно ќе биде активна по 18 часот, наведуваат од МВР.

Ова не важи за граничниот премин „Меџитлија“, каде забраната за влез на товарни моторни возила во Република Грција преку овој граничен премин е активна во целиот период.

Како што е наведено во известувањето од грчките служби, причина за забраната е најавата за лоши временски услови во споменатиот период, со можност за невреме проследено со обилни врнежи на снег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Обвинителството отвори истрага против четири одговорни лица за стечајот на Еуростандард банка

Редакција

Прилепски „Конфи Ангел“ почна да произведува заштитни маски и скафандери

Редакција

(ВИДЕО) Заев во „Брако“ возеше чистач на улици

Редакција