еМагазин
Image default
Македонија

Поради отсуство на бранителот на Божиновски, одложено судењето за „Талир 2″

Поради отсуство на бранителот на второобвинетиот Кирил Божиновски во предметот „Талир 2″, денешното рочиште се одложи за веќе закажаниот термин на 8 април 2021 година.

Во „Талир 2“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Предметот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристоска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Институт за демократија: Не е само внесувањето на Бугарите во Уставот, има и други услови од Софија

Редакција

Жена од Србија загина во сообраќајна несреќа кај Велес, двајца повредени

Редакција

Полицискиот час го прекршиле 36 лица, изречени 412 казни за неносење маска

Редакција