еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Поради санкциите за Русија, од ноември и Србија без руска нафта

Поради новиот пакет санкции на ЕУ, Србија од 1. ноември нема да може да увезува нафта од Русија и бара нови комерцијални складишта за да ги обезбеди резервите, пренесуваат српските медиуми.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека алтернативната суровина – нафтата од Киркук, Ирак, е за 31 долари за барел поскапа од руската нафта, што би довело до загуби за буџетот од 600 милиони долари годишно.

Руската нафтата може да стигне во Србија само преку Јадранскиот гасовод JANAF од пристаништето Омисал во Хрватска до рафинеријата Панчево на Српската нафтена индустрија (НИС), која е во 56,15% сопственост на Гаспром Нефт и Гаспром.

Во средината на јули, Вучиќ предложи дека „доколку е потребно, може да се постигне договор со Русите за предавање на НИС на државата за времетраењето на санкциите и враќање кога ќе завршат санкциите“.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје денеска делумно блокирано од приватните превозници, ако нема исход од понеделник ќе биде под целосна блокада

Редакција

Убава вест: Оздравени 536 заболени од Ковид-19, во Скопје 153

Редакција

Уште сме му потребни на Лео, да помогнеме

Редакција