Со реакција на контраверзното интервју на премиерот Зоран Заев на Фејсбук се јави и поранешната пратеничка, Ивана Туфегџиќ.
“Изјави за странски медиуми како на премиерот Заев носат повеќе штета од корист.
Прво со наведување дека Бугарија “имала тука некаква администрација” се рушат сите напори на историската комисија.
Второ “Бугарија ни е пријател, ама Југославија не делела” е навод кој оди во насока на глупостите на Захариева дека не можеме во ЕУ, ако го славиме Тито (небаре Словенија и Хрватска имаа свечено откажување од Тито пред да влезат во ЕУ).
Трето црвената линија морал да ја посочи премиерот во интервјуто, а тоа покрај јазикот, е антифашистичката борба. Антифашистичката борба е силно втемелена во македонската државност и тоа по ниеден основ не смее да се негира.
И последно премиерот морал да запраша каква е позицијата на ЕУ (и ова мора да биде предмет на разговор) кон ревизионизмот кој го покажува Бугарија. Таков ревизионизам ако е толериран, тогаш фашизмот е пожив од било кога.
Вакви интервјуа ги рушат и напорите на бугарската интелектуална јавност против официјалните бугарски позиции.
Најпоследно, едно е Претседателот и Премиерот да имаат различни мислења, ама сосема нешто друго е Премиерот да го омаловажува искуството на Претседателот, било каде, а посебно за странски медиум“, напиша таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Како во бугарскиот Парламент се славеше окупацијата на Македонија
Фото: Фејсбук/Туфегџиќ