еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поранешниот политичар, Имер Селмани ќе се испроба и во градежништво, почна да го гради Гарден Ин Ресиденс

Поранешниот политичар, бизнисменот Имер Селмани, сопственик на БисОил, ја стартуваше изградбата на деловниот објект Гарден Ин Ресиденс, вреден 10 милиони евра.

Објектот ќе се простира на површина од 22.000 метри квадратни и ќе понуди нови современи услови за домување.

БисОил е семејна фирма која е основана во 1992 година и се занимава со трговија на големо со масла и мазива и автоделови за патнички, товарни возила и индустриски машини.

Селмани е поранешен кандидат за претседател на Република Македонија, поранешен министер за здравство во Владата на Никола Груевски, поранешен градоначалник на Општина Сарај, поранешен потпреседател на ДПА и поранешен лидер на партијата Нова демократија.

Фото: Влада/БисОил

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дебарски бањи – Цапа“ оствари добивка од 16,1 милиони денари за девет месеци

Редакција

Дарко Лешоски со „Послание до Европјаните“: Испадна дека ние сме господа. Ама баш господа за сите вас, членки

Редакција

(Фото) Пендаровски со првата дама го пречека полскиот колега Дуда

Редакција