Времето до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе се интензивираат, особено во северните делови. Ветерот во ноќните часови ќе го промени правецот во северозападен и ќе се засилува, особено во горниот дел на Повардарието.
Како што соопшти УХМР, времето утре ќе биде облачно и значително посвежо, во поголем дел од земјава со врнежи од дожд, локално поројни проследени со грмежи и засилен северен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд, над 20 литри на метар квадратен.
Утринската температура ќе се движи од15 до 22, а дневната од 21 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.
Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи, особено претпладне, а ќе дува и засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 24 степени.
Во вторник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а услови за локален дожд ќе има само во источните делови. Од среда ќе настапи стабилизација со постепен пораст на дневната температура.