еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Пошта“ ја прифати понудата за соработка на „Халк Банка“, се чека согласност од Владата

Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ на денешната седница ја прифати конечната понуда за соработка на „Халк банка“ АД Скопје како најповолна, согласно усвоените критериуми за евалуација на понудата.

Како што е објавено на веб страницата на Поштата, рокот за имплементација се два месеца до технички прием на Пошта, т.е имплементација на постојниот систем, кој и досега беше во употреба.

– Упрвниот одбор на Пошта на С. Македонија по добивањето на согласност од Надзорниот одбор и предлага на Владата во својство на Собрание на Друштвото да даде согласност за склучување на договор за соработка помеѓу АД „Пошта на С. Македонија и Халк Банка АД Скопје, стои во соопштението објавено на веб страницата на Поштата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Белград плакати со Трамп и карта на „Голема Србија“ во која е и Македонија

Редакција

„Тетра“ го доби тендерот на ЕСМ за реконструкција во РЕК Битола вреден 218.000 евра

Редакција

Компанијата „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“ на која Владата и ја одзеде лиценцата за одгледувње канабис работела спортивно на Законот

Редакција