еМагазин
Image default
Локално

Поштар пронашол почината жена во нејзиниот дом во Велес

Во Велес вчера претпладне било пронајдено телото на 79-годишната Р.Д. во нејзиниот дом на улица „Јовче Тикваров“.

Телото го нашол поштарот кој и носел социјална помош, по што пријавил во полиција.

Брзата помош констатирала смрт без траги на насилство. Настанот го потврдија од СВР Велес, од каде што потенцираат дека од увидот е констатирано дека нема траги на насилство, а бил повикан и дежурен јавен обвинител од ОЈО Велес.

Д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом информира дека на барање на полицијата, Брзата помош направила медицинска асистенција и констатирала смрт без траги на насилство.

Од ОЈО Велес информираат дека одлучиле да не вршат обдукција врз починатата оти на нејзиното тело нема траги на насилство.

Ова е трет случај на починат во својот дом, оваа недела. Во понеделникот во стан во Велес беа пронајдени безживотните тела на мајка и син кои живееле сами и неколку месеци не биле видени од никого.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка и син пронајдени починати во домот во Велес

(Видео) Попови од возило ги прскаа улиците на Велес со света вода „против“ корона вирусот

Градоначалникот на Велес и неговото семејство негативни на коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж починал во ходник во Поликлиниката во Драчево

Редакција

Хорор во Скопје: До смрт ја претепал жената со која живеел во куќа на улица „Перо Наков“

Редакција

Приведен штипјанец поради физички напад и обид за грабеж на обложувалница во Кочани

Редакција