еМагазин
Image default
Локално

Поштарски службеник присвојувал средства од трансакциска сметка на починато лице

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Новак, Општина Центар Жупа за фалсификување службена исправа.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување службена исправа“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д. Ј. (58) од селото Новак, Општина Центар Жупа.

Тој, во својство на вработен во подружницата на АД „Пошти“ во селото Голем Папрадник, во три различни временски периоди, од трансакциска сметка на починато лице, неовластено извршил присвојување на парични средства, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Со ова казниво дело тој присвоил парични средства во вкупен износ од 220.000 денари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Затвореник од Идризово „глумел“ директор и нарачувал стока преку телефон

Редакција

Зен 2.0 Караванот по Скопје ги мотивираше и младите од Општина Гостивар – Одржан 2. менторски форум за млади лидери

Редакција

Изменет сообраќаен режим: Еве кои улици ќе бидат затворени

Редакција