Во вторник започнува последната недела од серијата на инфо денови организирани од страна на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Нивните претставници во рамките на Кампањата за Публицитет на ИПАРД 2014-2020 на веќе одржените 14 инфо денови ги информираа граѓаните и заинтересираните за можностите за искористување на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.
Изминатите инфо денови се реализира во октомври покривајќи голем дел од државата, од Сопиште до Дојран и од Петровец до Вевчани, на 14 различни локации.
Тие ќе продолжат на уште 6 места оваа недела каде ќе ги претстават мерка 3 „Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи“ и мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“.
Воедно, нивниот клучен фокус е мерка 7 затоа што сѐ уште има отворен повик, поточно Повикот број 01/2019 кој трае до 18-ти ноември 2019. Работата на вклучените институции и самиот интерес се големи и затоа искористеноста од ИПАРД Фондовите е до 70%.
Последната недела на инфо денови фокусирани на овие два повика ќе се реализира согласно следниот распоред:
– 5. ноември 2019 (вторник) во Виница во 11.00 часот во Сала при Општина Виница
– 5. ноември 2019 (вторник) во Делчево во 15.00 часот во просториите на Општина Делчево
– 6. ноември 2019 (среда) во Сарај во 10.00 часот во просториите во Општина Сарај
– 6. ноември 2019 (среда) во Брвеница во 14.00 часот во просториите на Општина Брвеница
– 7. ноември 2019 (четврток) во Крушево во 11.00 часот во Дом на културата “Наум Наумовски – Борче”
– 8. ноември 2019 (петок) во Кратово во 11.00 часот во Дом на култура „Лазар Софијанов”
Информациите околу јавниот повик 01/2019, потребните документи, инфо деновите и информативното видео сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: ipard.gov.mk, mzsv.gov.mk, ipardpa.gov.mk, agencija.gov.mk или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА