еМагазин
Image default
Локално

Постизборните прослави донесоа дожд од куршуми во домовите на скопјани

Граѓаните на Скопје и во текот на вчершниот ден пријавиле дека залутани зрна од куршуми им завршиле во домовите, кои најверојатно се резултат на славањето на изборните резултати со пукотници од огнено оружје во некои делови од градот.

На 16.07.2020 во 07.30 часот во Полициската станица Драчево, С.Ф.(70) од Скопје пријавил дека околу 07.00 часот на терасата од неговата куќа на ул.„Китка“ пронашол зрно од огнено оружје, а била оштетена и лимената кровна конструкција. С.Ф. го предал зрното на полициски службеници во Полициска станица Драчево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден околу 21.00 часот во СВР Скопје, Ф.И.(66) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на терасата од неговата куќа на ул.„Вашинтонска“ пронашол залутано зрно од непознато огнено оружје.

Вакви пријави имаше и претходниот ден кога граѓани пријавија оштетување во домовите, на гласачко место и на возила од залутани зрна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За малку избегнати жртви од постизборните пукотници: Проектил завршил во гласачко место и во дом на скопјанец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две 11-годишни деца од Тетово направиле список со имиња на ученици и закани кон нив

Редакција

Ученик повреден со нож во тепачка во средното медицинско училиште во Гостивар

Редакција

Тоалетите во „Стив Наумов“ биле лошо реконструирани, затоа паднал таванот

Редакција