Премиерот Зоран Заев се уште не може да се изјасни по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, новиот технички министер за внатрешни работи да биде армискиот полковник Драган Ковачки.
Тој по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за медиумите рече дека за името на човекот прв пат слуша, потребно е да се консултира, но и дека ја слушнал реакцијата на јавноста во однос на предлогот, која пак се повикува на пишувањата во Уставот.
Спорен момент, на кој се повикува Заев е што првиот човек на МВР треба да биде цивилно, а не воено лице.
„Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“, се вели во членот 97.
Заев додаде дека за ова прашање повторно ќе се слушнат со Мицкоски телефонски и дека до 3 јануари има време да го утврдат името на кандидатот.
Претходно, на средбата помеѓу Мицкоски и Али Ахмети, лидерот на ДУИ се изјасни дека го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски и по средбата со Заев, не го соопшти името на техничкиот министер за внатрешни работи
Фото: Влада