еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Потерница за избеганиот осуденик кој пукал во затворски полицаец, вонреден надзор во Идризово

Управата за извршување на санкции (УИС), по синоќешниот случај во кој осуденик пукал во затворски полицаец и побегнал додека го го носеле во болница, најави дека ќе направи вонреден надзор во КПУ Идризово и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница.

Ќе се утврдува дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на осуденикот, како и за пропустите кои довеле до ваква разврска на целиот настан. Издадена е и наредба за распишување на централна потерница.

УИС во соопштение наведе дека синоќа околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службено возило било пресретнато од возило марка „ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот.

– Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот.

Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „ауди”. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје, појаснуваат од УИС.

Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување, а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР.

Осуденото лице Б.М од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а истекува на 17.04.2040 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затвореник ранил затворски полицаец и побегнал додека го носеле во болница

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Врање вакцинирани 13.300 Македонци, а ревакцинирани вкупно 11.106

Редакција

(Видео) Граѓани обвинуваат дека се кријат новозаболените од корона вирусот во Србија: Исвиркана премиерката Ана Брнабиќ

Редакција

Ученици денеска си споделуваа во вибер-групи тестови од државната матура откако почна испитот

Редакција