еМагазин
Image default
Македонија

Потпретседателката на Бугарија, Јотова на 16 и 17 април во посета на Македонија

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова ќе престојува во посета на Северна Македонија на 16 и 17 април.

На покана на Културниот центар „Иван Михајлов“ таа ќе го отвори новиот клуб на ова здружение, јавија бугарските медиуми.

На 17 април, Јотова ќе биде во посета на Охрид, каде што ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам. Проектот е финансиран од бугарската Влада како дел од програмата на бугарското Министерство за надворешни работи „Бугарска помош за развој“.

Јотова ќе биде гостинка и на отворањето на канцеларија на Здружението за толеранција и соработка „Хоризонти“.

МИА/Фото: Фејсбук/Јотова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мапа: Во половина македонски градови има заболени од корона вирусот

Редакција

515 заболени од коронавирусот без симптоми, 373 имале контакт со веќе потврден случај во државата

Редакција

Спасовски вели дека има обрасци за пасоши, нови ќе стигнале во понеделник

Редакција