Потребни се уште малку средства за Ана, Мартина, Стефан, Марина, Адријан, Мики, Јован успешно да се излекуваат.
Овие деца, како што информираат од фондацијата „Допир“ се на чекор до долго очекуваниот ден, ден кога надежта за успешно лекување очекуваат да се претвори во реалност!
„Со Вашите донации овој нивен ден ќе се оствари. Но потребни се уште малку средства за секое дете –Помогнете според вашите можности како фирма или лице, збирно за сите. Операциите за сите овие деца се закажани во странство во месец октомври и ноември. Вашите донации ги распределуваме подеднакво на секое дете од нашата програма. Поддржете не, заедно да помогнеме и овие деца да станат нечии родители“, се вели во соопштението на фондација „Допир“.
Повеќе за тоа, како можете да помогнете ОВДЕ.