Вчера во Македонија беа регистрирани нови 25 случаи на заразени со корона вирусот.
“Тестирани се вкупно 622 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.
Од вкупниот број на тестирани, 251 припаѓа на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица (Скопје, Велес, Куманово и Кочани) со 1 регистриран позитивен случај, пациент згрижен на дом за стари лица во Скопје..
Регистрирани сe 25 нови позитивни случаи од 7 градови во државата.
Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група над 60 години со 7 позитивни.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 16 лица од женски и 9 од машки пол.
Регистрирани се 4 хоспитализирани лица. Кај 4 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).
Од вкупниот број на нови регистрирани случаи 14 имаат контакт со потврден случај.
Не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Бутел шест, двајца во Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот
Фото: Факултет за ветеринарна медицина