еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повредените во несреќата во Бугарија се во стабилна состојба, еден денеска ќе биде опериран

Сите пациенти повредени во автобуската несреќа на автопатот Струма се во стабилна општа состојба, и нема опасност по нивните животи, соопшти денеска болницата „Пирогов“.

Вчера беа оперирани двајца пациенти, кои исто така се во добра општа состојба.

Повредените кои биле на интензивна нега денеска се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Едно од повредените лица денеска треба да биде оперирано.

Со оглед на шокот од несреќата и тешките психички трауми, хоспитализираните добија и специјализирана психолошка поддршка од болницата. Се уште нема јасна прогноза кога може да се отпуштат, велат од „Пирогов“.

Во болницата се хоспитализрани седум лица кои беа донесени по автобуската несреќа на автопатот Струма во раните утрински часови на 23 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повредените во сообраќајната несреќа во Бугарија, во петок треба да се вратат дома, двајца од нив се оперирани

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДЗС апелира до граѓаните за трпеливост: Попишувачите се на терен и ќе го посетат секое домаќинство

Редакција

Нови 389 случаи на Ковид-19 од 2.633 тестирања

Редакција

Главната зграда на Еуростандард банка се нуди на аукција за 8,4 милиони евра

Редакција