Министерот за здравство Венко Филипче, утрово разговарал со Иван Поромански, директор на болницата Пирогов во Софија, каде се хоспитализирани седумте пациетни, кои ја преживаеја страотната сообраќајка која се случи вчера утрото на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград.
„Сите пациенти се стабилни и се под постојан лекарски надзор, а дадена им е и психолошка поддршка.
На двајца пациенти им е извршен хируршки зафат, еден е опериран на ногата, а помал хируршки зафат е извршен кај девојка, на која и е оперирано коленото, тие се чувствуваат добро.
Сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје,“ информираат од Министерство за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се работи на идентификација и побрзо пренесување на жртвите во Скопје, вели Османи
Трошоците за враќање на загинатите во несреќата во Бугарија ќе ги покрие државата
Фото: МИА