еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повторно сме на мета на партиските игри, велат од МКЦ по смената на директорот

Деновиве Младинскиот културен центар (МКЦ) повторно е на мета на партиските игри, велат од таму..

„Во попладневните часови вчера, постоечкиот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев кој 36 години е дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат продолжи во насока на растење и одржување на програмата на МКЦ, беше сменет од својата позиција поради неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири.

Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција.

И покрај признанието кое дојде како круна на нашето работење со наградата „13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј, годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ.

Првата е онаа дека буџетот ни е доведен до само 8% од годишниот буџет со кој работевме минатите години, а веднаш потоа и последните случувања во начинот на инсталирање на директор во МКЦ,“ велат од МКЦ.

Од таму појаснуваат дека се обраќаат кон јавноста „како потреба за разјаснување на ситуацијата која се наметна, истовремено и поради сомнежот во законитоста на овие решенија, бидејќи со ова, се одбегнува повотрно можноста да јавно се спроведе отворен конкурс за директор, на кој отворено и транспарентно би можеле да се пријават сите квалификувани професионалци од областа на културата.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови директори во „Водовод и канализација“, МКЦ и Зоолошка градина

Фото: МКЦ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, велат од Кабинетот на Давкова

Редакција

Нула минути чекање на граница и една работна дозвола – бараат бизнисмените од Македонија, Србија и Албанија

Редакција

Жителите на велешко Горно Оризари со свои пари си асфалтираа три улици

Редакција