еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пожарот во Тетово локализиран и под контрола, пожарникарите дежураа цела ноќ

И во вечерните часови пожарникарите работеа на целосно ликвидирање на пожарот во Тетово, кој во текот на вчерашниот денот беше ставен под контрола и локализиран.

Огнот започна во големата управна зграда на поранешната фабрика „Македонија Табак“ и зафати два соседни објекта каде приватна фирма сега произведува и складира градежни материјали. Пожарот беше ставен под контрола и локализиран само во управната зграда, додека на останатите два соседни објекти е изгаснат.

-Огнот во текот на вечерта е локализиран и ставен под наша контрола. Уште има чад, затоа што целата покривна конструкција од големата зграда изгоре и падна. Ова беше еден од најголемите пожари во мојата кариера и сме фрлиле неверојатно големи количини вода, изјави командантот на тетовската пожарна Ука Алити.

Двајца полесно повредени пожарникари, како и неколкумина кои вдишале чад се последиците по луѓето кои работеа на гасење во пожарот, што избувна изутрината околу 9.30 часот. Од Центарот за јавно здравје Тетово препорачаа болните лица и децата да не излегуваат од дома ако немаат потреба или да носат заштитна маска КН 95.

-Пожарот е под целосна контрола благодарение на силната интервенција на противпожарните единици од Тетово, Скопје, Куманово, Гостивар, Кавадарци, благодарение на армискиот и полицискиот хеликоптер, но и вработените и други граѓани кои помогнаа во пренесувањето на горливата материја со виљушкари, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Испитување на воздухот направила единица на Армијата која анализира атомско-биолошка-хемиска опасност.

-Нема опасни гасови во воздухот, отровни гасови. Извршија испитување на воздухот во околината и состојбата од аспект на отровни гасови е безбедна. За секој случај очекуваме дополнително испитување, бидејќи има мала веројатност за отровни гасови која можеби нема можност да детектира, но потсетувам имаат врвна опрема од Америка, рече Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема опасност од отровни гасови од пожарот во Тетово, вели Ангелов

(Видео) Хеликоптери на МВР ја пресекоа линијата на огнот на пожарот во Тетово, кој се уште не е локализиран

МИА/Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за труд и социјална политика склучи договор со “Урбан план конструктион УПЦ“ вреден 798,4 илијади евра

Редакција

Која е Викторија Трајков, кандидат за заменик министер за европски прашања

Редакција

ЕК загрижена за независноста и владењето на правото во Македонија

Редакција