еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

44-годишен радовишанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш

Четириесет и четири годишен радовишанец е жртва во сообраќајна несреќа што денеска во 14:39 часот се случи на експресниот пат Штип-Радовиш.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека е потврден идентитетот на возачот, кој управувал со возилото со радовишки регистарски таблички и оти станува збор за лицето М.В. од Радовиш.

Во несреќата, која се случи во 14:39 учествуваа две возила, според првичните информации станува збор за директен судир меѓу возило со радовишки таблички и скопско товарно возило.

Повредни се и две други лица во несреќата. Станува збор за возачот и сопатник од возилото со скопски регистарски таблички. Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска потврди дека повредените по направените прегледи се пуштени дома.

Се уште е во тек увидот на местото на несреќата на експресниот пат Штип-Радовиш кај дваесеттиот километар. Штипските пожарникари биле повикани да интервенираат, со пепе апарати гаснеле едно од возилата, кое можело да се запали од силината на директниот судар.

Оваа делница од клучката за Неготино, до клучката кај Бучим е затворена за сообраќај, а возилата се пренасочуваат да се движат по стариот регионален пат Штип-Радовиш преку Пилав Тепе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

(Фото) Споменикот на природата стана бара: Ќе го вметне ли некој во изборната програма Преспанското езеро?

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на тетовската Клиника за набавка на масло за греење вреден 193.000 евра

Редакција