еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Познатите скопски кафулиња „Интермецо“ и „Мош“ добија забрана за работа 10 дена

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителски објекти и непочитување на работното време во ноќните часови, Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во соработка со Државен пазарен инспекторат изминатиот викенд изврши контрола на неколку локали.

„Поради пречекорување на работното време до 1 часот по полноќ на кафулињата „Интермецо“ и „Мош“, пазарната инспекција им изготви записници за затворање и забрана за работа од 10 дена.

Решенијата до локалите ќе бидат доставени во текот на денешниот ден по што истите ќе бидат пломбирани.

Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава,“ се вели во соопштението.

Општина Центар повторно апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Две лица со агресивно однесување во автобус на ЈСП: „Немој госпоѓо ќе те носам у киселина ќе те топам, не знаеш со кого си имаш работа“

Редакција

Во Македонија вкупно 498 лица повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

Нападната и ограбена Косоварка на паркинг во Скопје

Редакција