еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратениците од власта и опозицијата сложни кога треба да се делат буџетски пари на партиите

Пратениците од власта и опозицијата со консензус гласаа за исплата на парите на политичките партии од буџетот, којашто беше запрена со уредба на Владата поради вонредната состојба предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

Тие ќе земат 30 отсто помалку отколку досега поради измените на Законот за финансирање на политичките партии, но сепак станува збор за неколку милиони евра, пари на граѓаните кои преку буџетот ќе им се исплатат на партиите.

Имено, вкупните средства за годишно финансирање на политичките партии за 2020 година и за 2021 година се во висина од 0,105 отсто од вкупните приходи на Буџетот.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија на стенд-бај: Ќе ја повтори ли ВМРО-ДПМНЕ грешката на Љубчо Георгиевски од деведесетите?

Редакција

Судијката Јанчулевска Михаиловска ќе го води судењето за „Шпански Скали”

Редакција

Штипјанецот Хаџи Јанев добитник на една од најголемите воени награди од вооружените сили на САД

Редакција