еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Пратениците „штанцаат“ лажни вести

Институцијата од која без дилема „излегуваат“ најмногу лажни вести е македонското Собрание.

Поради тоа што во Собранието пратениците имаат имунитет, кој ги штити и за тоа што ќе го изјават, изминативе неколку години сме биле сведоци на бројни лажни вести соопштени токму од собраниската говорница.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски деновиве се најде во небрано откако на негова изјава во Собранието, регираа Почесниот конзулат на Република Белорусија во Скопје и Амбасадата на Република Белорусија во Белград, посочувајќи дека тоа што го кажал пратеникот во Собрание е лажна вест.

Реагираше и Милошоски, кој соопшти дека неговата изјава се базирала на информации од медиумите, а за реакцијата на белорускиот конзул рече дека била навреда и клевета.

Милошоски не е единствениот пратеник кој бил посочен дека шири лажни вести. Речиси и да нема пратеник од било која партија, кој барем еднаш од говорница не соопштил лажна вест, лажно обвинил или дал лажно ветување.

Така да, Владата која отвора фронт за борба против лажните вести и дезиформации, не би било лошо стратегијата најпрво да ја презентира во Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев ќе се бори против лажните вести на Заев

„Плата од 500 евра…фејкњуз ли е“?: Твитер „поцрвене“ по најавата на Владата за одлучна борба против лажните вести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 54 пациенти од Ковид-19, најмногу во Гостивар, Скопје и Куманово

Редакција

(Видео) Брегзит им донесе триумф на конзервативците на Борис Џонсон на изборите во Британија

Редакција

Викендов пообилни врнежи, засилен ветер и заладување

Редакција