еМагазин
Image default
Македонија

Пратеникот на ДУИ и основач на „Пуцко петрол“, Исмаил Јахоски позитивен на Ковид-19

Од Собранието денеска информира дека пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ, е позитивен на Ковид-19 и оти тој е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

-Согласно покажаните симптоми пратеникот Исмаил Јахоски е тестиран и неговиот тест е позитивен на Ковид-19. Поради ова, а се со цел истиот да биде под надзор на стручни лица како би се спречил развој на несакани компликации, пратеникот Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, се наведува во соопштението од Собранието.

Законодавниот дом, како што се наведува во соопштението, апелира до сите останати пратеници, „освен во Собранието, да се придржуваат до мерките за заштита на колективното здравје и во домашни услови, посебно во контактите со најблиските“.

Јахоски кој во неколку наврати беше градоначалник на Пласница и е познат на јавноста пред се по семејната фирма „Пуцко петрол“, со која сега управува неговиот син.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Исмаил Јахоски, чија компанија „Пуцко петрол“ „растура“ на тендери

Фото: Фејсбук/Јахоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мерцедесот се запалил во движење: Детали од МВР за запалениот автомобил на претседателот на Стопанска комора за енергетика, Манасков

Редакција

Заев не е повеќе премиер, Собранието ја констатираше неговата оставка и на Владата

Редакција

МВР нема да издава лични документи од 23 до 27 јуни

Редакција