Лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи предизвикаа предлог измените во Законот за субвенциониран студентски оброк, со кои на голем број студенти би им се укинал студенсткиот оброк.
Предлогот е на пратеничките од СДСМ и ЛДП, Жаклина Лазаревска, Моника Зајкова, Санела Шкрељ, Даниела Николова, Љатифе Шиковска, Лидија Тасевска, Емилија Рамбабова, Драгица Ѓавочанова, Даниела Колева и независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ.
Тие предложија субвенциониран студентски оброк да не добиваат студентите кои добиваат стипендија и оние чии родител/и имаат месечен приход над 18.000 денари. Предлогот беше да им се укине правото на субвенциониран студентски оброк и на апсолвентите.
По реакциите во јавноста на Фејсбук се огласи пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова, една од предлагачките, и најави повлекување на измените.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите утре на протест пред Собрание