еМагазин
Image default
Македонија

Прекинуваат сите дејствија за спроведување на изборите

Владата на синоќешната седница донесе Уредба со законска сила за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите и за сите прашања поврзани со изборниот процес, соопшти владината прес-служба.

Оваа одлука Владата ја донесе заради вонредната состојба прогласена за ефикасно спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, и заради тоа што Собранието не се состанува за да ја поништи одлуката за распуштање.

Во такви услови, а заради неопходната потреба успешно да се спроведат мерките за справување со коронавирусот во земјата, Владата донесе Уредба за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите за пратеници во Собранието, кои се закажани за 12 април 2020 година.

Со оваа Уредба Владата ја задолжува Државната изборна комисија (ДИК) да ја обезбеди и чува постојната изборна документација до продолжување на спроведувањето на изборните дејствија и изборите, кои ќе продолжат откако ќе биде прогласен престанок на вонредната состојба.

Уредбата исто така, определува задолжување за ДИК во рок од еден ден од денот на престанок на вонредната состојба да објави на својата веб страница ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на четиригодишното девојче од Штип кое е заразено со коронавирусот: Моето дете не е дојдено од Англија со симптоми

Препорака од Владата до банките да ги исплатат пензиите од 28 март

Ќе ги плаќа по 10 евра за легло на ден: Владата ги повика хотелите да ги отстапат капацитетите за државни карантини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршни зборови на обвинетите на судењето за „27 април“

Редакција

Листата на непријателски земји е реакција на постапките на владите на овие земји, вели рускиот амбасадор Баздникин

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција