еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Преку 30 настани на 14 локации за осумнаесеттата „Бела ноќ“

Утревечер во рамки на „Бела ноќ“, скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања, работилници, жонглерско шоу и перформанси на десетици локации низ градот.

Традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи на повеќе локации низ Скопје.

Централната манифестација ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ каде ќе се одигра детската претстава „Моќта на музиката“, жонглерско шоу, концерт на Мијата.

Камерниот оркестар на Битола ќе се престави со „James Bond Symphony“, а настанот ќе заврши со настап на диџеј Dubnotic.

Во Кинотека ќе се одржува фестивалот „Десонанз“ каде ќе презентира македонската електронска сцена, видео арт и ќе се прикажуваат филмови од кинотеката.

Во Градски парк кај фонтана ќе се може да се погледне „Сообраќаен инсектариум – ПајакАрт“, групна изложба на 13 домашни автори од различни ликовни изрази.

Програмата ја збогатуваат и културните институции: Во МКЦ ќе се одржува „Скопје винил конвеншн“ и перформансот на Франк Масон (менталист и психички забавувач од Нирнберг, Германија), Детски културен центар „Карпош“ заедно со Зоолошка градина ќе ги анимираат најмладите со „ЗОО Азбука“, во Национална галерија т.с. Даут-пашин амам ќе може да се погледне изложбата на Димитар Кондовски, во Музеј на современа уметност ќе може да се види ретроспективната изложба на Симон Узуновски, „Пат за Волкодери“ и самостојната изложба на Јана Јакимовска, „Ретро:телесни ретроспективи“, во Спомен-куќата на Мајка Тереза постојаната изложба и „Мисионерка на милосрдието – Спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“, Библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе организира креативна работилница за деца, поетско читање, клуб на читатели и музичка програма, во Музеј на македонската борба ќе може да се види изложбата „Скопје со културните добра” на Ансамбал Македонија, а во Музеј на Македонија постојаната етнолошка поставка, постојаната историска поставка – „Македонците бегалци од Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1940- 1949“ и времената изложба – „Гозби за живите и предците, боговите и светците“.

Целосната програма со распоред, локации и учесници може да се погледне на univerzalna.com.mk.

Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите. ЈСП Скопје ќе вози бесплатно од 18 до 05 часот, а ќе функционираат и ноќните линии.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи: Бугарија има право на вето, но шест месеци е предолг период во контекстот во кој се наоѓа регионот

Редакција

Убава вест: 48 оздравени пациенти од корона вирусот

Редакција

(Галерија) Винарија Камник одбележа 20 години постоење – две децении посветеност на уметноста на производство на вино

Редакција