еМагазин
Image default
Бизнис

Преполовена добивката на македонските банки

Добивката на банкарскиот систем остварена во првите три месеци од 2019 година е преполовена во споредба со добивката остварена во истиот период од претходната, 2018 година, покажуваат најновите податоци на Народната банка објавени во извештајот за ризиците во банкарскиот сектор во првиот квартал од годинава.

„Ваквите движења се, во најголема мера, последица на влијанието на настани од еднократен карактер присутни во првото тримесечје од 2018 година (со нив се објаснуваат речиси 90% од падот на добивката).

Сепак, дури и да се изолира нивниот ефект, остварената добивка во првиот квартал од 2019 година е помала (за 9,4%), во споредба со истиот период од претходната година, што, пак, најмногу произлегува од намалувањето на капиталните добивки од продажби на средства и на нето каматните приходи (заради пад на каматните приходи при истовремен раст на каматните расходи), како и од зголемувањето на оперативните трошоци на банките“, се вели во извештајот на Народната банка.

Заклучно со 31.3.2019 година, стапките на поврат на просечната актива и просечниот капитал и резерви на банкарскиот систем изнесуваа 1,5% и 13,5%, соодветно (наспроти, 3,1% и 28%, за првите три месеци од 2018 година), додека соодносот меѓу оперативните трошоци и вкупните редовни приходи изнесува 50,9% (42,2%, за истиот период од минатата година).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забрзано растат нефункционалните потрошувачки и станбени кредити на граѓаните

Доминација: Странци го собираат кајмакот во македонскиот банкарски сектор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се намалува ДДВ-то за ресторански услуги од 18 на 10 отсто

Редакција

На „Бехтел и Енка“ досега исплатени околу 167 милиони евра, на терен се уште во фаза на геомеханичките испитувања

Редакција

Намалена добивката на прилепски „Мермерен комбинат“

Редакција