Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови повремено силен ветер, над 70 километри на час, од југозападен правец.
Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степенa.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне 19 степени.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.