еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претседателот на Европскиот совет, Мишел не потврди дали идната недела ќе се тргне ветото за Македонија

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел смета дека Северна Македонија и Албанија треба што е можно поскоро да ги почнат преговорите со Европската унија, што е важно не само за двете земји, туку и за целиот регион воопшто, особено во контекст на новите геополитички случувања. „Европската политичка заедница“, нагласува, не е алтернатива за проширувањето, туку процес кој ќе овозможи продлабочување и унапредување на соработката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како ќе функционира “Европската политичка заедница“, која ја предлага Макрон

-Војната во Украина отвори ново поглавје во европската историја и го стави проширувањето на ЕУ во преден план. Ќе упатам една јасна порака – ЕУ е цврсто посветена на вашит влез во Унијата.

Почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да отпочне што е можно поскоро. Тоа е врвен приоритет и ги поддржуваме сите напори да се најде заедничко прифатливо решение за отвореното билатерално прашање со Бугарија.

Јас сум навистина вклучен со Франција и ЕУ да помогнеме да се придвижи овој процес нанапред и убеден сум дека ќе имаме позитивен развој многу брзо, што ќе биде секако многу важно за вашата земја и за целиот регион, рече на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски што се одржа во Охрид.

Тој најави дека наредната недела ќе организира состанок на 27-те земји членки и земјите од Западен Балкан. Тоа, рече, е многу важно за ЕУ, и ќе биде можност да разговараат и да се координираат во, како што нагласи, во клучен и критичен момент од историјата.

-Сакаме и работиме да го одблокираме процесот за Северна Македонија и за Албанија. Не сум сигурен што ќе се случи на претстојниот состонок на Европскиот совет, но ќе направиме се да бидат преземени одлучувачки чекори, рече Мишел одговорајќи на новинарско прашање што содржи францускуот предлог за тргање на бугарското вето, кој, како што јавија медиумите во Софија, премиерот на Бугарија, Кирил Петков денеска ќе го достави до Парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петков денеска ќе достави до бугарското Собрание француски предлог за укинување на ветото

Сметаме, даде Мишел, дека ќе имаме попросперитетна иднина со земјите од Западен Балкан.

-Има фрустрација и недоверба на двете страни. Време е да се делува. Војната во Украина го забрза процесот. Сакаме да го одблокираме процесот за Северна Македонија и Албанија. Многу е важно да се одржува темпото и да се биде активен во процесот, рече Мишел.

Тој не сакаше да коментира кои ќе бидат заклучоците што ќе ги поднесе француското претседателство за состанокот на Европскиот совет, но посочи дека се работи да се најде решение.

– Се надевам дека ќе биде постигнат договор во вистинска насока. Сакаме да посредуваме да се најде решение меѓу 27-те лидери. Го подготвуваме овој состанок и тоа значи дека мора да имаме одредено ниво на дискреција за да бидеме ефикасни, рече Мишел.

Претседателот Пендаровски, пак, нагласи дека францускиот предлог е интерна работа на ЕУ во рамки на на подготовката на заклучоците на Европскиот совет што Франција како претседавач со ЕУ треба да ги достави до сите земји членки.

– Заклучоците се далеку од готови. Ние не можеме да влијаеме. Тоа е работа на земјите членки. Сигурно е дека ќе има параграф за Северна Македонија, како и за други земји. За тоа се прашуваат сите земји членки, вклучувајќи ја и Бугарија, рече Пендаровски.

Тој потсети дека веќе неколку месеци траат разговори меѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, кои, како што посочи, се водат и во моментов.

За актуелните политички случувања во Бугарија, Пендаровски кажа дека се внатрешна работа, што не би сакал да ја коментира, како што не би сакал некој друг да ги коментира случувањата во земјава.

Мишел и Пендаровски, на средбата разговарале и за предлозите за европската политичка заедница.

-Ќе бидам јасен ова не е алтернатива за проширувањето за земјите. Убеден сум дека овој процес ќе ни овозможи да ја продлабочиме и да ја унапредиме соработката. Исто така ова ќе биде еден поттик за соработка и меѓу партнерите со ЕУ, истакна претседателот на Европскиот совет.

Тој вели дека во однос ЕУ ја поддржува Украина и сака да се санкционира Русија, при што и се заблагодари на Северна Македонија за целосната усогласеност за санциите на Унијата против  Русија.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија презадоволна од пописот во Албанија, и се заблагодари на земјата за сработеното

Редакција

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи уште 120 акции на ОКТА

Редакција

25-годишно момче силувало 81-годишна старица од струмичко

Редакција