еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претседателката на Врховниот суд: Во интерес на граѓаните и државата е да се надмине состојбата во Судскиот совет

Со реакција за случувањата во Судскиот совет, се јавија и од Врховниот суд.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија како и целата јавност внимателно ги следи случувањата во Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Врховниот суд како највисок суд во државата и носител на судската власт истакнува дека во овој клучен период за државата, сите чинители во судството мора да го насочат своето дејствување кон остварување на препораките нотирани во релевантните извештаи за напредокот на Република Северна Македонија, како што се Извештајот на Европската комисија и Извештајот на Стејт департментот.

Го охрабруваме Судскиот совет да ја надмине состојбата првенствено во интерес на граѓаните и во таа насока да продолжат напорите за подготовка на Стратегијата за реформи на правосудството, потребните законски измени и примената на европските стандарди, независноста и ефикасноста на судството, борбата против корупцијата, транспарентноста и враќањето на јавната доверба“, вели претседателката на Судот, Беса Адеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов претседател на Судскиот совет ќе се избира на 2 мај со присуство на сите членови

Антикорупциска загрижена за разрешувањето на Дамева, очекува реакција од институциите

Фото: Врховен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има место за уште 1.000 хоспитализации, ако се исполнат, следен чекор е карантин, најави Стојанов

Редакција

Детали од МВР за кобната сообраќајка меѓу двајцата моторџии на автопатот Велес-Гевгелија

Редакција

Ревакцинирани вкупно 259.894 граѓани: 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција