еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Причината за автобуската несреќа во Бугарија е човечка грешка и истрагата најверојатно ќе биде затворена, велат бугарските власти

Истрагата за сообраќајната несреќа на автопатот Струма, во Бугарија, во која загинаа 45 граѓани на Северна Македонија е завршена, изјави за БТВ истражителот на бугарската Национална истражна служба, Младен Петров.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, заклучокот од истрагата е дека единствена причина е човечка грешка на возачот, а поради непостоење на виновно однесување, случајот речиси сигурно ќе биде затворен.

Петров изјави дека само однесувањето на возачот на македонскиот автобус е причина за настанување на таквата состојба и несреќата. Проверени се сите претпоставки за присуство на запаливи течности во автобусот и јасно е утврдено дека такви немало. Според истражителот, истрагата утврдила дека видливоста била добра и немало магла.

Бугарскиот тим истражители, исто така, ја отфрла верзијата дека ознаката можеби е причина за несреќата. Според Петров, хоризонталните ознаки на патот и страничните ознаки биле малку избледени, но не и невидливи.

– Средната, централна линија што ги дели лентите е прилично светла и секако видлива, рече Петров.

Во конкретната ситуација, насочувањето на автобусот на „Беса транс“ од активната коловозна лента и ударот во заштитната ограда довело до продирање и уништување на конструктивни елементи, притисок на резерворот за гориво и компресија на неговата содржина.

– Ова е придружено со обилни искри од триење, кое ја достигнало потребната температура и притисок за да се запали горивото, изјави Петров.

Тој најави дека сега се чека преглед на мислењето на истражниот тим, кое ќе го вршат обвинители.

– Треба да се вклучат жртвите, роднините на загинатите и преживеаните патници. Нашето мислење е дека нема виновно однесување што е причинско-последична врска за овој резултат, рече Петров, посочувајќи дека истрагата најверојатно ќе биде прекината.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Собранието формирана анкетна Комисија за случајот со Онкологија

Редакција

Вучиќ незадоволен од околностите што го спречија доаѓањето на Лавров во Белград

Редакција

Имунитет имаат 86 од вакцинираните и 75% од невакцинираните со прележан Ковид-19, се уште не сум оптимист за мерките, вели Сали

Редакција