еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прифатени три, од четирите кандидатури за претседател на СДСМ: Кој влезе во „трката“, кој отпадна?

Согласно Правилникот прифатени се три кандидатури за претседател на СДСМ од страна на Централната изборна комисија, изјави денеска на прес – конференција Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Таа потсети дека рокот за поднесување кандидатури за претседател истече вчера, а биле поднесени четири кандидатури.

– Денеска согласно правилата заседаваше Централната изборна комисија и одлучија дека три кандидатури се целосни со сите потребни документи и услови согласно правилата и условите кои беа распишани, а една кандидатура не е и таа е отфрлена со одлука на Централната изборна комисија и кандидатот кој ја поднесе е известен за тоа, одговори Петровска на новинарско прашање до каде е постапката за верификација на поднесените кандидатури, дали денеска комисијата ги разгледуваше и донесе одлука.

Отфрлена е кандидатурата на Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ.

Инаку, доставени беа четири кандидатури за партиски лидер на СДСМ, од Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и потпретседателка на СДСМ, Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово и од Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони.

Со Одлуката на Извршниот одбор од 26 ноември 2021 година вонредните избори ќе се одржат на 12 декември 2021 година. Постапката за кандидирање започна на 27 ноември, а заврши вчера.

Право на кандидатура имаа сите членови на СДСМ кои ги исполнуваа критериумите согласно Статутот на СДСМ. За претседател на СДСМ можеше да се кандидира лице кое има најмалку пет години членство во партијата и кое најмалку еднаш бил избран од Конгресот за член на некој од партиските органи.

Изборите на локално ниво ќе ги спроведат 80 општински изборни комисии и одбори на избирачки места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски по поднесување на кандидатурата за претседател на СДСМ: „Одлуките ќе ги носам врз основа на мојот интегритет и работа“

Каков имот пријавил Димитар Ковачевски, кој ќе се кандидира за претседател на СДСМ

И Фросина Ременски кандидат за претседател на СДСМ: Каков имот пријавила?

Кој е Јован Деспотовски, кандидат за нов претседател на СДСМ

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 48 годишна возраст почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски

Редакција

Лидија Димова не дава оставка по обвинувањата за злоупотреба на пари од програмата „Еразмус“

Редакција

Кои ќе бидат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада: Денеска средба Мицкоски со Ахмети, па со Заев

Редакција