еМагазин
Image default
Локално

Приведен “копач“ на биткоини кој крадел струја, одземени седум компјутери „мајнери“ за криптовалути

На 16.07.2021 во 14.30 часот од полициски службеници од Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров на подрачјето на Ѓорче Петров е лишен од слобода В.П.(37), поради постеоње основи на сомнение за сторени кривични дела по чл. 235 и 236 од Кривичниот законик.

„При претрес извршен кај него, било констатирано дека врши кражба на струја, при што биле пронајдени и одземени седум компјутери „мајнери“ за копање на криптовалути.

Лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Добрејци осомничен за убиството на Струмичанец: Телото му го сокрил во метално буре кое го потопил во браната „Турија“

Редакција

Кршеле инвентар и се заканувале во кабаре во Битола

Редакција

Денеска, утре и во петок посебен режим на сообраќај во Скопје

Редакција