еМагазин
Image default
Локално

Приведен сопственик на локал во Тетово поради прекршени ковид мерки

Сопственик на локал во Тетово на возраст од 38 години е приведен синоќа околу 21 часот и 20 минути поради прекршените мерки за заштита од ширење на коронавирус, соопшти денеска СВР Тетово.

Тој сега ќе се соочи со кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

-Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот тетовец Д.С., чиј угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, работел со гости по дозволеното време и не ги почитувал мерките за справување со коронавирусот.

Објектот бил затворен, додека Д.С. е задржан во Полициската станица Тетово за  целосното расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Поради истите причини за прекршените протоколи за работа во време на епидемија во тетовско беа приведени сопственици на локали во Мала Речица на 2 декември и во Пирок на 10 декември.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со „Ауди“ удрил во 11-годишно девојче од Велес

Редакција

Го тепале во дискотека во Градски парк

Редакција

Три настани за сите заинтересирани за вработување во Словенија

Редакција